ЗА НАСТАНОТ

МЕСЕЦ НА СПОРТОТ е едномесечен спортски турнир за бизнис единките во Македонија, наменет за развој на рекреативниот спорт и Team Building помеѓу вработените кој ќе се одржува во СЦ ФОРЦА во периодот од 06 Mај до 30 Мај традиционално 12 години по ред, кој прерасна во традиција на дружење и забава на голем број вработени во најдобрите и најсилните Македонски компании.

Пријавувањето е отворено за сите компании кои ќе состават екипи од своите вработени, во еден од спортовите: фудбал, баскет, одбојка ,пинг понг ,куглање,велосипедизам и трчање.

На турнирот може да се натпреваруваат и мажи и жени, зависно од пропозициите за пријавување екипи за секој спорт соодветно.

Натпреварите се играат во попладневните часови, во текот на работните денови. Комплетниот распоред се објавува по официјалното ждребање, три дена пред почеток на натпреварите.Известувањето за начинот на играње, пропозициите како и сите информации за одложените натпревари или промена на натпревари компаниите ги добиваат од одговорниот координатор за секој од спортовите посебно За време на натпреварите е обезбедена лекарска супервизија, и професионални лиценцирани судии за сите спортови.